Премиерно во Кино Милениум

Конечно и филм "Ах љубов моја" во режија на Коле Ангеловски

Филмот „Ах, љубов моја неверна" е приказна за позната поп пеачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивините проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Меѓутоа, во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа, по што се тргнува наопаку.

Во рамките на Скопскиот Филмски Фестивал вечерва во Кино Милениум (20.30 часот) премиерно ќе биде прикажан македонскиот долгометражен филм, "Ах љубов моја" во режија и сценариото на Коле Ангеловски.

Оваа љубовна комедија е во продукција на Авард филм и Видео, како ко-продуценти се јавуваат КТ Филм и Медиа и Квазар Филм, а финансиски е поддржана од Агенцијата за филм на РМ.

Филмот „Ах, љубов моја неверна" е приказна за позната поп пеачка Сузан, која по успешната турнеја низ Турција и емотивините проблеми предизвикани од раскинувањето на долгогодишната љубовна врска, доаѓа во еден хотел да се одмори во мир и тишина, далеку од јавноста и новинарите. Меѓутоа, во хотелот се појавува нејзиниот поранешен љубовник Селпин, кој сака да се збогува со неа, по што се тргнува наопаку. Изненадувачки средби, неочекувани личности и ситуации, кои на крајот сепак ќе завршат со среќен крај... Како што вели и самиот режисер Коле Ангеловски, се работи за филм кој публиката ќе сака да го гледа и во кој ќе ужива.

"По повеќе од 30 години од "Викенд на мртовци", последната комедија снимена во Македонија, која што исто така ја снимав јас, сега сме пред нова комедија и она што е најмалку третирано кај нас, љубов. Она што е многу важно е дека е направен филм за публика која сигурно ќе биде задоволна по проекцијата. Во филмот играат главно млади актери, повеќето дебитанти, кои одлично се снајдоа пред филмската камера", вели Ангеловски, кој додаде дека има материјал и за серија.
Во филмот играат Нина Деан, Атанас Атанасовски, Александар Микиќ, Соња Стамболџиева, Роберт Ристов, Жарко Димоски, Крсте Јовановски, Марија Кондовска..., а музиката е на Венко Серафимов и Џенгиз Ибрахим.

Според директорката на Агенцијата за филм на РМ Мими Ѓоргоска -Илиевска финансиската поддршка за филмот изнесува 14.3 милиони денари, и додаде дека годинава своја премиера ќе имаат и филмовите "Година на мајмунот", во режија на Владимир Блажевски, "Жртва" на Марија Џиџева, "Тајната состојка" на Ѓорче Ставревски, "Незаборавна пролет во заборавено село" на Куштрим Бектеши и "Чекај ме/сведок" на Митко Панов. Таа додаде и дека годинава ќе се снимаат филмовите "Здивот на ангелот" на Јани Бојаџи, "Исчезнатиот" на Арбен Тачи, "Дедо и внук" на Илија Пиперковски, "Ако утре го снема сонцето" на Александар Русјаков, "Господ постои се вика Петрунија" на Теона Митевска и "Цар Самоил", од Антонио Митриќески.

Поврзани

Најнови вести

Коментари