Скопска премиера

"Кога денот немаше име" во кино Милениум

Скопската премиера на филмот "Кога денот немаше име" на македонската режисерка Теона С. Митевска ќе се одржи вечерва, со почеток во 20 часот, во киното "Милениум".

Скопската премиера на филмот "Кога денот немаше име" на македонската режисерка Теона С. Митевска ќе се одржи вечерва, со почеток во 20 часот, во киното "Милениум".

Веднаш по премиерата, филмот ќе започне со редовни кинопроекции на репертоарот во скопските кина "Милениум" и "Синеплекс". Утре, петок, по проекцијата во 19.45, и на 17 октомври, по проекцијата во 19.30, во "Синеплекс" гледачите ќе имаат ексклузивна можност веднаш по проекцијата на филмот да се сретнат со актерите на разговор и дискусија.

"Кога денот немаше име" е првиот македонски филм по "Пред дождот" на Милчо Манчевски што е продаден за киноприкажување во Кина. Светски познатиот агент за продажби Церцамон веќе ја потврди оваа продажба, што е огромен и редок успех за еден македонски филм.

Освен македонската режисерка Теона С. Митевска, на филмот работеа и Агнес Годар, француската директорка на фотографија, која го снимаше овој филм, продуцентката Лабина Митевска и сценаристката Елма Татарагиќ. Главните улоги ги толкуваат младите актери: Леон Ристов, Ханис Багашов, Стефан Китановиќ, Игорчо Постолов, Драган Мишевски и Иван Вртев Шоптрајанов.

Поврзани

Најнови вести

Коментари