БИТ ФЕСТ

Книга во кутија, концерт, авторска вечер

Случувањата започнуваат во 12 часот со афирмативниот настан "Мојата поинаква лектира - книга во кутија" наменет за децата. Во НУУБ "Свети Климент - Охридски" ќе им бидат претставени наслови со цел доближување на литературата до најмладата популација.

Во рамките на Битфест денеска во Градот на конзулите ќе се одржат повеќе културни настани кои ќе го привлечат вниманието на лица од сите возрасти.

Случувањата започнуваат во 12 часот со афирмативниот настан "Мојата поинаква лектира - книга во кутија" наменет за децата. Во НУУБ "Свети Климент - Охридски" ќе им бидат претставени наслови со цел доближување на литературата до најмладата популација.

Во 18 часот во Кафе Радост ќе биде промовирана книгата "На врв и на дно# на Јасмина Јошевска, а во 20 часот во Стара битолска чаршија ќе се одржи традиционалниот целовечерен концерт на фолклорниот ансамбл "Битола".

Во 21 часот пак, во КЦ Магаза е авторската вечер на Сузана Турунџиева, несекојдневно дружење со безвременска музика.

Поврзани

Најнови вести

Коментари