ВО МОБ

"Клеопатра" со уште три изведби

Балетскиот спектакл "Клеопатра" со почетокот на 2017 година, веќе има закажани три нови изведби, една на 31 јануари и две во февруари, и тоа на 2-ри и 4-ти, со почеток во 20 часот. Клеопатра - најмистериозната жена на античкиот свет, легендарна освојувачка на срцата, љубовница на Цезар и Марко Антонио, последна владетелка на Египет - повеќе од две илјади години ги инспирира поетите, сликарите, композиторите и режисерите. Нејзиниот лик бил повеќе пати пресоздаван во сите видови на уметност, а денес ние повторно се свртуваме кон историјата на прекрасната и таинствената Клеопатра. Музика: Нерија Цепаите Голдберг (Литванија), кореограф: Василиј Медведев (Русија), диригент: Бисера Чадловска. Настапуваат: Клеопатра - Александра Мијалкова, Цезар - Васил Чичијашвили (Грузија).

Поврзани

Најнови вести

Коментари