Се бараат работници

Ќе се истражува локалитетот Манастирче кај Чардаклија

Директорот на Заводот за заштита и споменици Музеј на град Штип Митко Штерјов рече дека со овие подготовки и официјално од наредниот месец почнуваат истражувањата на средновековниот локалитет Манастирче, кој се наоѓа во непосредна близина до новиот експресен пат Штип-Кочани.

Штипскиот музеј бара околу педесетина работници кои ќе работат на археолошкиот локалитет Манастирче кај штипското село Чардаклија. Сите заинтересирани од денес може да се пријавуваат во Музејот.

Директорот на Заводот за заштита и споменици Музеј на град Штип Митко Штерјов рече дека со овие подготовки и официјално од наредниот месец почнуваат истражувањата на средновековниот локалитет Манастирче, кој се наоѓа во непосредна близина до новиот експресен пат Штип-Кочани.

Локалитетот Манастирче е откриен од страна на селаните, кога случајно раскопале темели од мал објект. Подоцна било утврдено дека станува збор за црквичка ѕидана од кршен камен и варов малтер, а на западниот трем од црквата биле откопани три гроба со конструкции од монолитни камени плочи.

Штерјов забележа дека изградбата на новиот експресен пат ќе овозможи и полесен пристап до локалитетите кои гравитираат на потегот од Штип до Кочани. Археолошките мапи, како што рече, покажуваат дека токму овој дел е богат со наоѓалишта.

Археолозите од штипскиот Музеј во моментов работат на археолошкиот локалитет Врчва, кој се наоѓа во идното рудно тело на Боров дол.

Поврзани

Најнови вести

Коментари