Полуавтобиографска сатира

Ќе се довршува последниот филм на Орсон Велс

"Нетфликс" пред неколку дена објави дека се обезбедени правата и дека ќе финансира во завршната фаза на продукцијата.

Кабелската стриминг мрежа "Нетфликс" ќе го заврши последниот филм на Орсон Велс, "Другата страна на ветрот", со што ќе му помогне на филмскиот автор Филип Јан Римси, кој ја започна реставрацијата пред неколку години.

Римси пред две години го започна процесот на спасување на овој децении стар филм, собравши 400.000 од потребните еден милион долари преку веб-сајтот Индиегого.

"Нетфликс" пред неколку дена објави дека се обезбедени правата и дека ќе финансира во завршната фаза на продукцијата.

"Другата страна на ветрот" се смета за полу-автобиографска сатира за Холивуд и го следи легендарниот режисер (Хјустон), кои се обидува да организира камбек со тоа што ќе и се додворува на помладата публика со снимање на стилизиран уметнички филм, кој се претвора во катастрофа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари