На 11 јуни

Кевин Спејси ќе го води доделувањето на Тони наградите

Филмскиот и тетарски актер Кевин Спејси оваа година ќе биде домаќин на 70-то свечено доделување на театарските Оскар, наградата Тони.

Тричасовна свеченост во присуство на голем број славни актерски ѕвезди и други познати личности, ќе се оддржи на 11 јуни во њујоршкиот „Рејдио Сити Мјузик Хол", јави Си-би-ес.

Домаќини на претходните свечености беа Нил Патрик Харис, Хју Џекмен и Џејмс Корден, кои „собраа" одлични критики за својата работа. Но, бидејјќи годинава била зафатени организаторите решија оваа „улога" да му ја дадат на самокритичниот и циничен Спејси.

- Јас бев втор избор за филмот „Приведете ги сомнителните", четврти избор за „Вртлог на животот" и 15-ти за домаќин на овогодишното доделување на Тони. Мислам дека мојата кариера се развива и дека оди кон вистинската насока, рече тој во свој стил.

- Можеби сега треба да се вклучам во потесниот избор и за домаќин на оскарите Оскар, доколку сите други одбијат, додаде тој.

Номинациите за овогодишното доделување на наградите Тони ќе бидат објавени на 2 мај.

Поврзани

Најнови вести

Коментари