Промоција

„Кантар со метафори" нова книга од Тони Димков

Со поднаслов „Збирка интервјуа што ја мерат тежината на времето" долгогодишниот новинар од областа на културата во својата нова книга прави природно продолжување на претходно објавената книга „Зборот остава траги" (2016).

Промоцијата на книгата „Кантар со метафори" од Тони Димков ќе се одржи на 13 септември (среда) 2017 година, со почеток во 20 часот, во МКЦ Клуб и ресторан. Промотори на книгата ќе бидат Лабина Митевска, актерка и филмска продуцентка, и Александар Прокопиев, писател и книжевен критичар.

Книгата ја објави издавачката куќа „Магор" од Скопје.

Со поднаслов „Збирка интервјуа што ја мерат тежината на времето" долгогодишниот новинар од областа на културата во својата нова книга прави природно продолжување на претходно објавената книга „Зборот остава траги" (2016).

Со филигрански направена селекција на интервјуа, објавени во списанијата „Граѓански", „Глобус", „Арт Република" и на интернет-порталот МКД.мк, со личности и појави и од ретко застапената алтернативна култура во државата, книгата претставува придонес кон изворното зачувување и документирање на меморијата и на трагите од времето во кое живееме.

Во книгата „Кантар со метафори" се објавени 25 интервјуа со истакнати творци, како академик Луан Старова, театарскиот деец Ристо Стефановски, поетот Никола Маџиров и виртуозниот пијанист Симон Трпчески (национални уметници на РМ), сликарите Трајче Јанчевски (1928 - 2015) и Александар Станкоски, професорката Јасна Котеска, сликарката Весна Бајалска, сценографот и директор на Битолскиот народен театар Валентин Светозарев, диригентот Запро Запров, музичарите Кирил Џајковски, Тони Китановски, Зоран Маџиров (1968 - 2017), Сеад Хаџиќ - Сецко, Александар Пејовски, групите „ПМГ Колектив" и „Легијата", новинарката Гена Теодосиевска, актерката Лабина Митевска, поетот Сашко Гигов - Гиш, извршниот продуцент Пеце Талески, Златко Стевковски како директор на Младинскиот културен центар во Скопје, со двајца актери од Словенско младинско гледалишче од Љубљана и големи пријатели на Македонија, Дарио Варга и Урош Мачек, како и со австрискиот кинематографер Кристијан Бергер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари