Истражувањата продолжуваат

Кај Стоунхенџ пронајдена куќа на мртвите со скелети стари 6000 години?!

Гробницата претставува земјена структура која ги има сочувано скелетите на едни од најстарите жители на Велика Британија

Во истата област каде што е лоциран и Стоунхенџ, археолозите откриле древна гробница. Оваа како што ја нарекоа "куќа на мртвите" датира од пред шест милениума, или поточно изградена е пред приближно 5 600 или 5 700 години.

Гробницата претставува земјена структура која ги има сочувано скелетите на едни од најстарите жители на Велика Британија.

Оваа структура, наречена Бароу (barrow), koja што претставува еден куп земја или камења врз останките на мртвите се наоѓа на рамницата Солсбери во Вилтшир, која е полна со древни урнатини од овој период.

"Се работи за многу редок вид на споменик и вид на кој не наидуваме често", вели директорот на одделот за археологија при Универзитетот Рединг во Англија, Џим, Лари.

"Ова е прв таков споменик во последните 50 години, а кој беше пронајден и ископан во Вилтшир во целост", додава Лари.

Оваа гробница е долга 26 метри и широка 20 метри , а била откриена во обично поле со пченица, благодарение на снимките од воздух кои открија дека некакви структури се кријат под земјата.
Ископувањата допрва почнаа, но археолозите во наредниот период треба да спроведат дополнителни тестови и да откријат дали постојат само скелети или ова место крие и други артефакти кои ќе бидат значајни за историјата.

Поврзани

Најнови вести

Коментари