Повик до скулптори

Изложба на скулптури на новото време

Темата е слободна како и изборот на техниката и материјалот. Авторот има обврска со приложените скулптури да достави и своја фотографија и биографски податоци кои би се отпечатиле во каталогот посветен на оваа изложба. Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до 30 јуни.

Центарот за култура "Трајко Прокопиев" во Куманово упати јавен повик до академските скулптори да учествуваат со свои дела на изложбата "Скулптури на новото време" што ќе се одржи следниот месец. На изложбата можат да учествуваат сите академски скулптори од Македонија, со три скулптури.

Темата е слободна како и изборот на техниката и материјалот. Авторот има обврска со приложените скулптури да достави и своја фотографија и биографски податоци кои би се отпечатиле во каталогот посветен на оваа изложба. Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до 30 јуни.

Центарот за култура "Трајко Прокопиев" ја организира биеналната изложба на скулптури од 1998 година и досега се одржани десет изложби.

По завршувањето на изложбата скулптурите ќе бидат вратени на авторите.

Поврзани

Најнови вести

Коментари