Во галеријата на МКЦ

Изложба на Ниче и Љупка Василев

Оваа изложба е сублимат на двајца квалитетни мајстори, кои опстојуваат во негувањето на тишината и спокојот во душата, во кој ритуал го пронаоѓаат внатрешно битие и му дозволуваат да се разигра во сиот ликовен спектар.

Во Галеријата на Младинскиот кутурен центар вечерва во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на Ниче Василев и неговата ќерка Љупка Василев.

Ниче Василев реализирал над 30 самостојни изложби во Македонија и странство.
Љупка Галазка-Василев живее и работи во Струмица како професор по ликовна уметност во средно училиште.

За нив Горјан Ѓорѓиев ќе истакне:

Уметноста на таткото и ќерката, различна или слична, им овозможува да се изгубат во апстрактната идеја и да се пронајдат во реалната визија на материјата.

Ликовната уметност е нешто што не може да се долови со зборови, но сепак, колоритот, тишината и спокојот, кои неминовно ни се наметнуваат со грациозната седечка фигури (дама), кај Ниче, и елегантната асоцијација на лирски енформел кај Љупка, нè наведува на прекрасно чувство во опсервацијата на делата.

Оваа изложба е сублимат на двајца квалитетни мајстори, кои опстојуваат во негувањето на тишината и спокојот во душата, во кој ритуал го пронаоѓаат внатрешно битие и му дозволуваат да се разигра во сиот ликовен спектар.

Поврзани

Најнови вести

Коментари