Галерија Ко-ра

Изложба „Цртеж-Експериментален цртеж" на ДЛУМ

На изложбата ќе се претстават повеќе од 30-тина автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија.

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Домот на културата „Кочо Рацин" од Скопје, денеска во 19 часот Во Галеријата Ко-ра ќе ја отвори изложбата „Цртеж-Експериментален цртеж".

На изложбата ќе се претстават повеќе од 30-тина автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија.

За изложбата „Цртеж-Експериментален цртеж" од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, ќе се додели една награда за најдобар цртеж.

Изложбениот концепт на проектот „Цртеж-Експериментален цртеж" претендира да го разработи процесот на отстапување од традиционалната форма на цртежот.Иако валиден како независен медиум, основниот акцент е ставен на критичкото преиспитување на природата и вредноста на цртежот во комбинација со широк спектар на уметнички техники и дисциплини.

Современиот македонски цртеж не ги исклучува традиционалните техники, туку често го проширува полето на истражување и експериментирање вклучувајќи различни трансформации.

Поврзани

Најнови вести

Коментари