На аукција во Њујорк

"Исус„ на Да Винчи и "Тајната вечера„ на Ворхол заедно под чекан

Сликата на Да Винчи била направена пред околу 1500 година и го прикажува Исус Христос како спасител на светот, со кристална топка во левата рака, додека со десната благословува. Ова е последната позната слика на овој уметник во приватни раце. Ворхол,пак, направи "60 тајни вечери„ во 1986 година, една година пред неговата смрт, во црно-бела варијанта, во табела од 10 колони и шест редови, со вкупна широчина од 9,7 метри.

"Исус„ на Да Винчи и последното дело на Ворхол, базирано на "Последната вечера на Исус#, следниот месец заедно ќе одат "под чекан# на аукција на Кристи во Њујорк каде се очекува да достигнат 150 милиони долари.

Малата слика на Леонардо да Винчи, "Исус Спасител#, е проценета на 100 милиони долари, а монументалното платно на Енди Ворхол, инспирирано од "Тајната вечера" на Да Винчи "би можело да "отиде" за 50 милиони долари. Двете дела ќе им бидат понудени на клиентите на 15 ноември на невообичаена аукција на предмети од различни периоди.

Можност да се купи дело на ренесансниот мајстор со "Шеесет тајни вечери" на Ворхол, секако, ќе биде привлечно за многумина, сметаат од аукциската куќа "Кристи".

"Некој како Да Винчи не застарува. Ова е едно од навистина бесценети дела" - изјави Лојк Гузер, шеф на поствојаната и современа уметност во филијалата на "Кристи" во Њујорк.

Сликата на Да Винчи била направена пред околу 1500 година и го прикажува Исус Христос како спасител на светот, со кристална топка во левата рака, додека со десната благословува. Ова е последната позната слика на овој уметник во приватни раце. Таа беше дел и од меѓународната тужба меѓу рускиот милијардер Димитриј Фисолов, актуелниот сопственик и швајцарскиот дилер за уметноста, кој му ја продал сликата.

Ворхол,пак, направи "60 тајни вечери„ во 1986 година, една година пред неговата смрт, во црно-бела варијанта, во табела од 10 колони и шест редови, со вкупна широчина од 9,7 метри. Идентитетот на продавачот е непознат.

Ворхол идејата за група на дела базирани на "Тајната вечера„ на Леонардо ја добил од Александар Јолас, уметнички дилер од Милано. Тој направи повеќе од 100 различни верзии. Дваесет и две во 1986 година биле изложени во црквата Санта Марија дела грација во Милано, домот на оригиналните фрески на Да Винчи. Тие беа видени од 30.000 луѓе.

Рекорд за слика на Ворхол продадена на аукцијата изнесува 105,4 милиони долари. Станува збор за "Сребрена автомобилска несреќа# од 1963 година. Најскапото дело од серијата "Тајната вечера" беше продадена за 18,7 милиони долари.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари