Тежок пат до успехот

Хали Бери пред успешната кариера била бездомник

- Кога се преселив во Њујорк имав малку пари, кои ги заработив како модел. Ми ги снема за три месеци и повеќе немав од што да живеам, Ја повикав мајка ми, а таа не сакаше да ми позајми, вели Бери.

 

Оскаровката Хали Бери призна дека еден дел од својот живот го минала како бездомник.

Поради тоа таа една година не разговарала со нејзината мајка, која не сакала да и позајми пари.

- Денеска сум и благодарна за тоа, рече таа во интервју за „Пипл".

- Кога се преселив во Њујорк имав малку пари, кои ги заработив како модел. Ми ги снема за три месеци и повеќе немав од што да живеам, Ја повикав мајка ми, а таа не сакаше да ми позајми, вели Бери.

- Подоцна сфатив дека ми ја даде најдобрата можна лекција: „Ако сакаш таму да живееш, заработи", изјави таа.

Актерката, потоа следните месеци живеела во засолниште за бездомници и работела како келнерка.

Поврзани

Најнови вести

Коментари