Театар

Госпоѓица Јулија, Чолак, Безљубни... во Драмски

Вечерва (20 ч) на репертоарот е претставата "Госпоѓица Јулија" на Театар Фабрика во режија на Ѓорѓи Ризевски. Претставата "Чолак" во режија на Синиша Ефтимов ќе може да се проследи утревечер во истиот термин.

На репертоарот на Драмски театар Скопје од денеска до 26 март љубителите на театарската уметност имаат можност да ги проследите претставите "Госпоѓица Јулија", "Чолак", "Безљубни", "Ждрело", "Капетанот Џон Пиплфокс" и Снежана и седумте џуџиња".

Вечерва (20 ч) на репертоарот е претставата "Госпоѓица Јулија" на Театар Фабрика во режија на Ѓорѓи Ризевски. Претставата "Чолак" во режија на Синиша Ефтимов ќе може да се проследи утревечер во истиот термин.

Во среда во 19 ч., пак, на репертоарот е "Капетанот Џон Пиплфокс# во режија на Коле Ангеловски. Следуваат претставите "Безљубни" и "Ждрело" кои ќе можат да се видат во четврток и петок во 20 часот.

Омилената детска претстава "Снежана и седумте џуџиња" е на репертоарот во сабота (12.30 часот).

Поврзани

Најнови вести

Коментари