И тоа е уметност

Голи задници на јавни места...

Алисон создава скулптури на задници од гипс и восок, ги става на разни јавни места во форма на герилски уметнички инсталации со цел да привлече внимание на различни видови на малтретирање на јавни места.

Осумнаесетгодишната мултимедијална уметница од Сан Франциско, Алисон Буганим го привлече вниманието на јавноста со проектот "Wax That Ass", поточно со скулптури на голи задници, кои се поставени на прометните локации во Мајами.

Алисон создава скулптури на задници од гипс и восок, ги става на разни јавни места во форма на герилски уметнички инсталации со цел да привлече внимание на различни видови на малтретирање на јавни места.

Дел од локациите кои се користат се познати по често сексуално малтретирање, а на некои од нив уметницата сама има доживеано одреден вид на непријатност. Така, "Wax That Ass" скулптури има поставено на плажа, во пералните, на покривите на зградите и на влезот во црквата.

Голи задници се поставени "брзо, нечисто и без дозвола", се вели на сајтот на оваа млада уметница.

Во секоја скулптура е вграден звучник, кој се активира кога ќе се допрат и тогаш се слуша гласот на некоја од жените кои имале некое непријатно искуство во јавен простор.

- На овој начин овозможив да се слушнат нивните приказни - вели Алисон Буганим, пренесува "Dailydot".

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари