Биенале на графика

Големата награда на Варна за Јанкуловски

Гран при наградата на 19-тото Меѓународното биенале на графика 2017 во Варна, или како што уште се нарекува „Големата награда на градот Варна", ја доби Мице Јанкуловски од Македонија.

Наградата е највисокото признание на Биеналето, кое со одлука на интернационалното жири ја доделува градоначалникот на Варна.

Меѓународното биенале на графика во Варна, со своето 19-то издание потврди дека се наоѓа меѓу најпрестижните манифестации од овој вид во светот. Доказ за тоа се големиот број пристигнати дела - 685, од кои за изложба и претставување во каталогот беа селектирани 475 дела од 350 автори од 57 земји во светот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари