Во МНТ

Гала концерт „Летај песно" на млади музички уметници

Солисти на вечерта ќе бидат Тијана Димова, Вејчеслав Поповски, Анастасија Аврамовска, Ени Вучидолова и Бојан Ефтимов.

Гала концерт „Летај песно" на врвни млади музички уметници со мелодиите на едни од најпознатите светски музички дела подготвени за камерен оркестар од страна на нашиот млад уметник Вејчеслав Поповски ќе се одржи вечерва во Македонскиот народен театар во Скопје.

Солисти на вечерта ќе бидат Тијана Димова, Вејчеслав Поповски, Анастасија Аврамовска, Ени Вучидолова и Бојан Ефтимов.

Идејата за концертот, како што информира организаторот, доаѓа од младиот нескротлив дух на оваа млада генерација музички уметници кои веруваат во својот потенцијал и во идејата дека заслужуваат можност да ни покажат со што тоа ние треба во иднина да се гордееме.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари