Дебитантско дело на режисерот Адам Смит

Филмот „Нож во грб" премиерно во домашните кина

Домашната публика ќе може да го погледне филмот од денеска, 20 април и да ужива во исклучителната актерска екипа предводена од Мајкл Фасбендер и Брендан Глисон.

Режисерот Адам Смит, докажаниот британски телевизиски мајстор и автор на рекламите на многу познати брендови, ќе дебитира со неговиот филм „Нож во грб".

Домашната публика ќе може да го погледне филмот од денеска, 20 април и да ужива во исклучителната актерска екипа предводена од Мајкл Фасбендер и Брендан Глисон.

"Нож во грб" е приказна за семејството на англиски номади, кои живеат како одметници во анархичниот агол во едно од најбогатите села во Британија. Колби Катлер (Brendan Gleeson) ќе ја започне својата непланирана битка, кога неговиот син Чед (Мајкл Фасбендер) ќе се запраша какво влијание има Колби над својот внук и ќе посака да побегне од својот доминантен татко.

Чед со сите негови сили сака на сопствените деца да им обезбеди образование, за да ја избегнат неговата судбина. Меѓутоа, за да побегне од Колби и таквиот начин на живот, за чии последици би можел да има казна во затвор, па дури и смрт, Чад ќе мора да забоде нож во грб на својот татко.

„Роден сум во Ирска, каде што имаме заедница на ирски номади. Оваа приказна сум ја доживеал лично, и сум сакал да ја доживеам и спротивната страна, страната на номадите. Сакав да го разберам нивниот начин на живот, погледот на светот и борбата за егзистенција. Сметам дека тоа е важна тема со која мораме сите да се соочиме", објаснува Фасбендер.

Филмот, е е богат со напнати сцени на кражба, и бегство од полицијата, а сепак е еден од оние филмови од кој ќе бидете емотивно допрени, затоа што ќе почувствувате сочувство за човек кој по толку многу години под лошото влијание ќе се обиде да се промени и да побегне од притисокот и контролата од неговиот патријархален татко кој не знае за подобро.

Поврзани

Најнови вести

Коментари