Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево полноправен член на Светската асоцијација WASBE

Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево влезе во семејството на Светската асоцијација на дувачки оркестри WASBE, со што се отвора вратата за развој на фестивалот и надвор од Балканот. Проф.д-р Васил Ристов, долгогодишен член на жири-комисијата на фестивалот, истакна дека станувањето полноправен член во оваа Асоцијација за овој релативно млад фестивал и единствен за дувачки оркестри во Македонија, значи развој и излегување од локални рамки.

- На Конференцијата за Централна и Југоисточна Европа за дувачки оркестри која се одржа во Зрењанин, јас како претставник од Македонија, одржав презентација за фестивалот во Пехчево со цел да ја претставам традицијата на трубите и фестивалот кој опстојува седум години. Бев назначен за претстедател на Македонија во таа Асоцијација со што и автоматски се зачленив во Светската асоција со седиште во Чикаго. Исто така, и фестивалот во Пехчево влезе и официјално во тоа семејство за дувачки оркестри за Цетрална и Југоситочна Еврпа. Очекувам соработка со многу земји и сето ова ќе му донесе нов квалитет на фестивалот, рече Ристов.

За гадоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, ова е голем успех и можност за развој и нов квалитет на фестивалот.

- Со самиот тој факт, верувам дека ќе постигнеме поголем ефект и за Пехчево ќе дознаат многу поголем број граѓани од целиот свет. Нешто слично како развојот на Гуча, таму имаат гости од целиот свет и верувам дека ова ни ги отвора вратите за да излеземе од локални рамки и очекуваме тоа да се случи во нашето градче, истакна Поповски.

Со концертот на „Црвена јабука" синоќа беше затворено седмото издание на фестивалот. И покрај лошите временски услови со силен дожд и ветар, сепак, синоќа Пехчево го посетија илјадници гости од цела Македонија и соседна Бугарија.

- Задоволни сме од трите фестивалски вечери, задоволни сме од посетата, илајдници гости го посетија Пехчево за овие три фестивалски вечери. Се надевам дека посетителите беа задовони од организацијата, а за догодина најавуваме нов изглед на фестивалот, кој треба уште повеќе да го подигне квалитетот на фестивалот, истакна директорката на Фестсивалот, Елица Јовевска.

Поврзани

Најнови вести

Коментари