Главните ѕвезди избрани...

Ел Фенинг и Селена Гомез во новиот филм на Вуди Ален

Иако се уште не се знае насловот и заплетот на филмот, Вуди Ален ќе почне со снимањето веднаш по премиерата на неговиот филм "Wonder Wheel" со Кејт Винслет, Џастин Тимберлејк, Џејмс Белуши и Џуно Темпл, кој на 15 октомври ќе го затвори фестивалот во Њујорк.

Контроверзниот режисер Вуди Ален подготвува нов филм во кој главните улоги ќе ги имаат Ел Фенинг (19), Селена Гомез (25) и Тимотеј Салам (21).

Иако се уште не се знае насловот и заплетот на филмот, Вуди Ален ќе почне со снимањето веднаш по премиерата на неговиот филм "Wonder Wheel" со Кејт Винслет, Џастин Тимберлејк, Џејмс Белуши и Џуно Темпл, кој на 15 октомври ќе го затвори фестивалот во Њујорк.

Ален секогаш сакал млади, талентирани актери. Ги ангажирал и Дајан Китон, Мариел Хемингвеј и Скарлет Јохансон на почетокот на нивната кариера, а од неодамна и Еван Рејчел Вуд, Џеси Ајзенберг, Елен Пејџ и Кристен Стјуарт. Плоден и провокативен, авторот секоја година снима, па листата на актери со кои работел е многу долга.

Сепак, работата на Ален во последниве години е во сенка на обвинувањата на поранешната пасторка Дилан за сексуална злоупотреба. Иако никогаш не е обвинет, Дилан Фароу во 2014 година напишала и отворено писмо до "Њујорк тајмс" во кое во детали ги опишала траумите од детството...

Сепак, ѕвездите се натпреваруваат да снимаат со Ален, а нивните кариери никогаш не биле загрозени. Иако во последните 20 години имал повеќе лоши отколку добри филмови, Ален понекогаш исфрла вистински скапоцен камен, како што беа "Полноќ во Париз" или "Несреќната Џасмин".

Поврзани

Најнови вести

Коментари