Филм

Џоди Витакер – прва жена која ќе ја толкува главната улога во „Доктор Ху"

Витакер, која е најпозната по детекивската драма „Бродчерч", ќе го замени шкотскиот глумец Питер Капалди, јави Би-Би-Си. Со тоа, таа ќе биде 13-та актерка во улогата на докторот што патува во временска машина во облик на стара британска телефонска говорница.

Британската глумица Џоди Витакер е новата ѕвезда на научно-фантастичната серија „Доктор Ху", а воедно и првата жена која ќе го толкува главниот лик, што изминативе шест децении го глумеа 12-мина нејзини машки колеги.

Витакер, која е најпозната по детекивската драма „Бродчерч", ќе го замени шкотскиот глумец Питер Капалди, јави Би-Би-Си. Со тоа, таа ќе биде 13-та актерка во улогата на докторот што патува во временска машина во облик на стара британска телефонска говорница.

Серијата оригинално беше прикажувана од 1963 до 1989 година, а од 2005 беа снимени и нови продолженија.

Главниот лик, познат само како Доктор, може да патува низ просторот и времето, но и да го менува своето тело.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари