Трансформација

Џим Кери од комедијант станал уметник

Имено, видеото „I needed color" е објавено пред неколку недели, а од тогаш има над 2 милиони прегледи.

Актерот Џим Кери, познат по улогите во комедиите, го нема на малите екрани веќе подолго време. Неговите последни улоги беа оние во филмовите „The Incredible Burt Wonderstone", „Kick-Ass 2" и „Dumb and Dumber To" во 2014 година.

Тој решил да слика пред шест години со цел да си го излечи своето скршено срце, но од тоа на крај излегло нешто исклучително добро.

Тоа може да се види во краткометражното документарно видео „I needed color".

- Она што го прави некој уметник е тоа што уметниците прават модели од својот живот, инспирирани од своите емоции и потреби, вели Џим во видеото.

Имено, видеото „I needed color" е објавено пред неколку недели, а од тогаш има над 2 милиони прегледи.

Поврзани

Најнови вести

Коментари