Успех на македонскиот филм

"Џган" на најголемиот филмски фестивал во Кина

Своето прво прикажување на фестивалот, Џган го имаше во кино центар TianShan Cinema-HongQiao Art Center Flagship Store.

Македонскиот игран филм Џган (Амок) на режисерот Ведран Тозија премиерно е прикажан на 20. издание на најголемиот филмски фестивал во Кина, Шангајскиот интернационален филмски фестивал што се одржува од 17 до 26 јуни.

Своето прво прикажување на фестивалот, Џган го имаше во кино центар TianShan Cinema-HongQiao Art Center Flagship Store.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристаноски, а играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски, Адем Карага, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Борис Дамовски, Марија Кондовска, Ристо Буразденов, Мартин Живковски и др.

Македонски продуцент на филмот е Дрим фектори, копродуцент Ред хелицоптер филмс од Албанија, а филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на РМ и SEE Cinema network.

Фестивалот во Кина со над 350.000 посетители годишно прерасна во најголем азиски филмски фестивал со професионална платформа за културна размена на домашни и странски филмови. Своето влијание го проширува и преку четирите активности - натпреварувачката селекција, филмскиот маркет, форум и филмската панорама.

Поврзани

Најнови вести

Коментари