ВО ПРВО ЛИЦЕ: ВИСАР ВИШКА, АКТЕР

Душманите ме прават посилен

Актерската трага на Висар Вишка има зад себе десетици ролји во театрите низ Македонија и странство, а зад него се и низа од различни медиумски активности и искуства - ТВ, филм...

За театарот...
- Како во сон го одразува бремето од денес и желбите за утре. Појако и полн со симболи.

За актерството...
- Во неговото лудило има систем. - Полониус за Хамлет.

За сценската прашина...
- 80% актерска мртва коза, 10% лак и плевел од штиците и друго.

За колегите ...
- Ги обожувам добрите. Ме прават уште подобар, уживајќи во работата.

За пријателите...
- Ми даваат слобода. Истовремено нозе на земја. Да не отидам превисоко и изгорам.

И душманите...
- И без нив не можам. Ме прават посилен. Работат за мене, а не се свесни.

За (не)среќата...
- Се е дел од големиот план. Треба само паметно да ги "прочитаме".

За неодиграните ролји...
- Татко. Се надевам брзо ќе ја најдам мама.

За крај...
- I did it my way :)

(Б.Г.)




Поврзани

Најнови вести

Коментари