Во Охрид

Детски свет, Зилберштајн, Јами дистрикт...

В недела исто така ќе се организираат два настани. Еминентната руско-австриската пијанистка Лилја Зилберштајн ќе настапи во црквата Св. Софија во 20:30 часот. Таа има настапувано насекаде низ светот, во Мексико, Јапонија, Кореја, Канада и Бразил..

Викендов во Охрид посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на атрактивни културни настани наменети за сите генерации.

Така, денеска во 12 часот најмладите ќе можат да ја проследат проектната иницијатива "Детски свет# - јавната презентација со изложба и театарски претстави на младите пред публиката во Долни Сарај и црквата Св. Софија.

Вечерва во црквата Св. Софија, во 20:30 часот,пак, ќе се одржи "Вечер на македонски солисти". Својата изведба ќе ја имаат Климент Тодороски - виолина, Дино Имери - пијано, Костадин Богданоски - виолина и Марија Ѓошевска - пијано. Во рамките на програмата ќе ги изведат делата на Сен- Санс, Франк, Прокофјев, Шуман...

В недела исто така ќе се организираат два настани. Еминентната руско-австриската пијанистка Лилја Зилберштајн ќе настапи во црквата Св. Софија во 20:30 часот. Таа има настапувано насекаде низ светот, во Мексико, Јапонија, Кореја, Канада и Бразил..

Во Центарот за култура "Григор Прличев" во 21 часот за љубителите на театарската уметност ќе се одржи претставата "Јами Дистрикт - најстарата нација на светот" од Милена Богавац, а во режија на Кокан Младеновиќ. Во форма на лажен документарец, претставата се базира на измислен, но можен настан...

Поврзани

Најнови вести

Коментари