Матица македонска

Десет унгарски поети - на македонски

Со препевот на стиховите од унгарските поети на 20. век, Гилевски ја продолжува востановената традиција за достојно одбележување на знаменитите творци на литературата.

Во издание на Матица македонска од Скопје, излезе од печат книгата "Десет унгарски поети на дваесетиот век", во избор и препев на писателот и преведувач Паскал Гилевски.

На страниците од ова антологиско издание застапени се стихови од класиците на унгарската поезија: Андре Ади (1877-1919), Михај Бабич (1883-1941), Деже Костолањи (1885-1936), Атила Јожеф(1905-1937), Миклош Радноти (1909-1944), Леринц Сабо (1900-1957), Ѓула Илјеш (1902-1983), Шандор Вереш (1913-1989). Ласло Наѓ (1925-1978) и Ференц Јухас (1928 - 2015).

Со препевот на стиховите од унгарските поети на 20. век, Гилевски ја продолжува востановената традиција за достојно одбележување на знаменитите творци на литературата.

"Публикувањето на македонски јазик на делата на репрезентите на унгарската поезија, говори и за неговото чувство за градење пријателство и за трајно приближување на возбудливите пораки на поетите од светски глас", пишува Раде Силјан во препораката на изданието.

Поврзани

Најнови вести

Коментари