Тага...

"Деда, а сад адио!" -најемотивната порака дојде од внуката на Самарџиќ

Мислам дека е излишно да се спомене твојата кариера, и колкава беше чест да се биде внука на таква легенда. Ти ми покажа што значи борба и колку сила си имал и колку твоето срце било силно...

Покрај бројните колеги и пријатели, се огласи и внуката на актерот, ќерка на починатиот син Драган.

- Имав среќа што те познавав 23 години, од кога бев мала и не бев свесна што значи да се биде актер и да се биде познат, што се лутев кога приоѓаа странци додека шетам со мојот дедо, што плачев додека ги гледав сцените од серијата „Полицаецот од Петлов рид„, бидејќи, се прашував како дедо ми може да седи со 4 жени, а ниту една од нив да не биде баба ми, што сакав да ме однесеш во канцеларија и на снимање, и да доаѓаш по мене во градинка, и да ме земеш во преградка и да танцуваме, па се до денес, кога можам да кажам дека ми беше идол, потпора и секогаш поддршка.

Мислам дека е излишно да се спомене твојата кариера, и колкава беше чест да се биде внука на таква легенда. Ти ми покажа што значи борба и колку сила си имал и колку твоето срце било силно. Знам дека таму горе си посреќен и по толку години повторно ќе се видиш со твојот Гага. Не грижи се, не остави нас жените во безбедни раце. Стефке ќе внимава на нас тука, тој сега е глава на куќата, а ти и Гага од небото. Дедо, а сега адио - напиша внуката Сара.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари