Чуден артефакт

Дамата на шилестиот престол - нерешена мистерија

Ова е еден од најчудните артефакти кои некогаш биле пронајдени, а сите сознанија за неговото потекло и значење се базираат на претпоставки.

Артефактот наречен "Дамата на шилестиот престол", кој воедно е и единствен од таков вид, потекнува од 2700 година п.н.е. и сеуште е мистерија за археоилозите.

Ова е еден од најчудните артефакти кои некогаш биле пронајдени, а сите сознанија за неговото потекло и значење се базираат на претпоставки.

Италијанскиот археолог Масимо Видале сосема случајно дошол до откритие на овој артефакт кој бил во сопственост на приватен колекционер. Откако заедно со својот тим се осигурале дека не е лажен, утврдиле дека Дамата има и "следбеници".

Предметот е во вид на брод со голема глава од бик. Во внатрешноста на бродот се сместени 15 помали фигури кои може да се опишат како „следбеници".

На фигурите има траги од жолта, црвена и црна боја. Некои од машките фигури имаат ист накит на вратот и главата, додека женските седат на шилци, по што артефактот и го добил името.

Археологот Видале смета дека артефактот бил создаден од старите Индус народи, но значењето и целта остануваат и понатаму тајна. Причината за ова е што ниту еден доказ од овие народи не е откриен, па затоа нема други слични пронајдоци.

 

Најнови вести

Коментари