Интернационален фестивал на монодрама Битола

"Брачна игра" за старт, концерт "На светов убавина" за крај

Наградата Гран-при ќе ја додели интернационалното жири во чиј состав се актерот и професор Атила Клинче, театрологот Нина Мазур од Германија, актерката Паулет Смит од Холандија, Игор Џамбазов и претседателот на жирито, драматургот, професор и колумнист Емре Ердем од Турција.

Интернационален фестивал на монодрама Битола, кој годинава го има своето 19. издание, започнува на 5 мај и ќе трае до 9 мај.

На фестивалот, кој е од натпреварувачки карактер, ќе учествуваат монодрами од повеќе земји меѓу кои Германија, Естонија, Хрватска, Полска, Холандија, Русија, Словенија, Израел и Македонија.

Фестивалот ќе биде отворен со претставата "Брачна игра" на авторот Едвард Олби. Режијата е на Тони Михајловски, а играат Весна Петрушевска и Игор Џамбазов.

Наградата Гран-при ќе ја додели интернационалното жири во чиј состав се актерот и професор Атила Клинче, театрологот Нина Мазур од Германија, актерката Паулет Смит од Холандија, Игор Џамбазов и претседателот на жирито, драматургот, професор и колумнист Емре Ердем од Турција.

Селектор на фестивалот е актерот Петар Мирчевски.

Фестивалот ќе биде затворен со Концертот на театарска музика на композиторот Горан Трајковски, насловен "На светов убавина".

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура.

Најнови вести

Коментари