Режисерот на "Сенки над Балканот" во Скопје

Бјелогрлиќ: Балканот е многу поинтересен од другите делови на Европа

„Веројатно за кратко време ќе почнеме да го пишуваме продолжението на втората сезона чие дејство треба да се случува во 1934 година па да заврши со убиството на кралот Караѓорѓевиќ. Снимањето би било на лето, а на крајот на идната година би почнало и емитување на втората сезона. Доколку пак дојде до трета сезона, таа би се занимавала со крајот на 30 години на минатиот век и почетокот на Втората светска војна„ вели Бјелогрлиќ

Историскиот трилер, серијата „Сенки над Балканот„ на српскиот режисер и актер Драган Бјелогрлиќ од 22 октомври ќе почне да се емитува на националните телевизии на пет држави во регионот, Србија, БиХ, Црна Гора, Словенија и Македонија.

„Првата сезона на серијата ќе се прикажува во 11 епизоди во 10 термини, бидејќи првата е дупла епизода. Уште на почетокот идејата беше серијата да почне да се прикажува во исто време во целиот регион, што првпат се случува по 90 –те години, од распадот на Југославија", рече Бјелогрлиќ во Скопје посочувајќи дека „серијата, освен во Хрватска ќе се прикажува во сите екс Ју држави". 

Според Бјелогрлиќ, планирано е серијата да има три сезони.

„Веројатно за кратко време ќе почнеме да го пишуваме продолжението на втората сезона чие дејство треба да се случува во 1934 година па да заврши со убиството на кралот Караѓорѓевиќ. Снимањето би било на лето, а на крајот на идната година би почнало и емитување на втората сезона. Доколку пак дојде до трета сезона, таа би се занимавала со крајот на 30 години на минатиот век и почетокот на Втората светска војна. Балканот е многу поинтересен од другите делови на Европа, само до сега таа негова специфика не знаевме да ја прикажеме и пласираме на вистинскиот начин. Целата приказна е смислена така што се она што е почнато во првата сезона, да продолжи во другите серијали. Во првата сезона воведовме и нацисти, Совети, комунисти, ВМРО, српската династијата и секако, овие таканаречени 'мали луѓе' кои се најважни и кои се обидуваат да преживеат во тие околности", рече Бјелогрлиќ додавајќи дека Балканот има своја друга страна, и како Јужна Америка, многу е интензивен и контроверзен.

„Доколку од таа страна се перципира ќе биде интересен не само за нас, туку и за целиот свет", истакна Бјелогрлиќ.

Пилот-филмот од ТВ-серијата „Сенки над Балканот" кој премиерно беше прикажан на фестивалот „Браќа Манаки" во Битола, синоќа имаше и скопска премиера во кино Синеплекс, на затворањето на второто издание од фестивалот „Киненова".

Серијата е историски трилер за настани од почетокот на 20 век, главно во Белград, и опфаќа дел од историско-политичките случувања од тој период во Македонија

„'Сенки над Балканот' е една приказна која е типична за овој наш дел од Европа, дејство кое се случува меѓу двете светски војни, а има и делови во кои се споменува Македонија, преку опиумскиот пат и картелите за дрога", истакна Дејан Стојиљковиќ, првиот сценарист на ТВ серијата  посочувајќи дека тоа е „приказна за кралството СХС, кое било во голема криза бидејќи кралот Александар не успеал да ја среди ситуацијата во која се наоѓала државата, а тоа е дека имал држава во држава".

Во серијата има вистински историски личности, има ликови кои се напишани според некои историски односно реални личности, но и целосно измислени ликови.

Српската актерка Марија Бергам, пак зборуваше за женските ликови кои во серијата се фиктивни, а кои според неа „на начинот на кој се третирани се сложени, длабоки, инспиративни и одлично напишани".

Македонската актерка Јана Стојановска во серијата го толкува ликот на Јована македонска револуционерка, или како што вели "жесток и интензивен лик, атипична жена која се бори за своите ставови, политички мислења и цели и симболизира силна македонска жена".

Во актерската екипа се и Андрија Кузмановиќ, Марија Бергам, Горан Борган, Гордан Кичиќ, Ненад Јездиќ, Алексеј Солончев, Жарко Лаушевиќ, а од Македонија играат: Петар Арсовски, Тони Михајловски, Јана Стојановска, Аксел Мехмет, Никола Ристановски, Петар Мирчевски и Дениз Абдула.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари