Наскоро нова можност за граѓаните

Без надомест до македонскиот Правопис и Толковен речник

Овој предлог на премиерот Зоран Заев, кој се сретна со делегацијата од Институтот, наишол на одобрување.

Институтот за македонски јазик "Крсте Мисирков" во најскоро време ќе овозможи едноставен и слободен пристап, без надомест, до капиталните дела Правопис на македонскиот јазик и Толковен речник на македонскиот јазик.

Овој предлог на премиерот Зоран Заев, кој се сретна со делегацијата од Институтот, наишол на одобрување.

"Договорено е оваа можност за граѓаните на Република Македонија да биде овозможена колку што е можно побрзо", велат од владината прес-служба.

Премиерот ја прифатил поканата од страна на директорката на Институтот за македонски јазик да биде покровител на втората македонистичка конференција која ќе се одржи во ноември 2018 година.
На состанокот како членови на делегацијата на Институтот присуствуваа директорката Елена Јованова-Грујовска и професорките и научни работнички Симона Груевска-Маџовска, Алексанра Ѓуркова, како и претставничките на редакциите на Правописот на македонскиот јазик и на Толковниот речник на македонскиот јазик, Елка Јачева-Улчар и Снежана Велковска.

На оваа средба присуствуваа и министерот за култура Роберт Алаѓозовски и претседателот на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов.

Поврзани

Најнови вести

Коментари