Кан 2017 - најгламурозен до сега!

Белучи секси домаќинка, Златна палма со дијаманти и филмови од кои боли глава...

Моника Белучи на отворањето истакна "идентитетот на филмот нема пол, знаме, ниту граници# при што му одаде почит на Алмодовар нарекувајќи го "човекот кој ги сака жените", а потоа и заигра и се бакна со францускиот комичар Алекс Луц. Во следните 11 дена ќе бидат прикажани 50 филмски премиери, а за Златната палма ќе се натпреваруваат 19 филмови, поради кои критиката вели дека ова е најдобро филмско издание во изминатите 10 години

Со проекцијата на филмот "Духовите на Исмаил" (Ismael's Ghosts) на Арно Деплешен отворен е јубилејниот 70. Кански филмски фестивал, издание кое е едно од најгламурозните до сега. За главната награда Златната палма која годинава за првпат ќе биде со дијаманти, ќе се натпреваруваат 19 филмови, поради кои критичарите велат дека ова е најдобро филмско издание во изминатата деценија.

Отворањетона фестивалот, пак, беше предводено од една од најсексапилните актерки Моника Белучи, а на црвениот тепих во гламурозна тоалета продефилираа најпознатите имиња од светот на филмот. По познатите кански скали се качија актерките Џулиен Мур, Сузан Сарандон, Ума Турман, како и Робин Рајт и Ел Фанинг, а присутни беа и Французинката Сандрин Кимберлен и Роси де Палма, една од омилените актерки на Педро Алдомовар кој годинава е и претседател на жирито.

Моника Белучи на отворањето истакна "идентитетот на филмот нема пол, знаме, ниту граници" при што му одаде почит на Алмодовар нарекувајќи го "човекот кој ги сака жените", а потоа и заигра и се бакна со француски комичар Алекс Луц.

Во Кан на црвениот тепих се очекуваат и Никол Кидман, Џејк Гилинхол, Тилад Свинтон, Хоакин Феникс, Роберт Парисон, и Колин Фарел коишто ќе ги претстават филмовите во коишто играат.
Во следните 11 дена ќе бидат прикажани 50 филмски премиери, а за Златната палма ќе се натпреваруваат 19 врвни филмски автори: Михаел Ханеке, Тод Хејнс, Фатих Акин, Андреј Звјагинцев, Јоргос Лантимос, Софија Копола, Мишел Азанависијус, Сергеј Лозница, Ноа Баумбах, Корнел Мундруцо, Франсоа Озон, Лин Ремзи ...

Во жирито предводено од Алдомовар кој на смеа вети дека ќе биде "субјективен, страсен и нежен", ќе бидат и американските актери Вил Смит и Џесика Честејн, Французинката Ањес Жауи, Нан Бингбинг од Кина и режисерите Паоло Сорентино од Италија, Марен Аде од Германија, Парк Чан Вок од Јужна Кореја и француско-либанскиот композитор Габриел Јаред.

Инаку филмот со кој се отвори годинешново издание "Исмаел'с Гхостс" е приказна за режисер кој животот го фрлил во вртлогот на искушението кога од мртвите му се враќа поранешната љубовница. Улогите ги толкуваат Метју Алмарик, Марион Котијар, Шарлот Гензбур и Луј Гарел.
Кан на ова издание ќе му оддаде почит и на растечкото влијание на телевизијата, а ќе бидат организирани и проекции на првата епизода од третата сезона на "Твин Пикс" на Дејвид Линч, како и на вториот циклус на "Топ оф тхе Лаке" Џејн Кемпион, а вистинско доживување ќе биде премиерата на првиот проект на виртуелната реалност, во режија на Алехандро Гонзалес Ињариту "Месо и песок".
Фестивалот ќе биде затворен на 28 мај, доделување на награди.

Македонија во Кан преку филмот "Насоки"

Македонија ќе биде присутна во Кан преку копродукцискиот филм "Насоки" на бугарскиот режисер Стефан Командарев. Во снимањето на овој филм кој е поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, учествуваа македонските продуценти Владимир Анастасов и Ангела Несторовска, како и костимографка Жаклина Крстевска и шминкерот Мартин Павловски.
Филмот ќе биде претставен во натпреварувачката програма „Извесен поглед" („Ун Цертаин регард"), со чие жири ќе преседава Ума Турман.
Жанровски, „Насоки" е драма снимена на бугарски јазик, а Командарев е еден од водечките бугарски и европски режисери.

Филмови кои ќе се борат за Златната палма

1.The Beguiled (Измамени) - режија Софија Копола
2.Nelyubov (Без љубов) - Андреј Звагинцев
3.Good time (Добри времиња)- Бени и Џош Сафди
4.The Square (Квадрат) - Рубен Остлунд
5. You were never really here (НикогаШ не бевте навистина овде) -Лин Ремси
6.L'Amant double (Двоен љубовник)-Франсоа Озон
7.Jupiter Holdja (Месечината Јупитер)-Корнел Мандруцо
8.Aus dem Nichts (Од никаде)-Фатих Акин
9.The killing of a sacred deer (Убиството на светиот елен) -Јоргос Лантимос
10. Hikari  -Наоми Кивасе
11.Geu Hu (Ден потоа)-Хонг Санг Су
12.Le Redoutable (Страшни)-Мишел Азанависиус
13.Wonderstruck (Зачуден)-Тод Хејнс
14.Happy end (Среќен крај) - Михаел Ханске
15.Rodin (Роден) Жак Доајон
16.120 Battements par minute (120 отчукувања во минута)-Робен Кампијо
17.Okja (Окџа)-Бонг Џун Хо
18.The Mayerovitz stores (Приказните на семејството Мајеровиц)-Ное Баумбах
19.Krotkaya (Нежна)-Сергеј Лозница

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари