Барале едно, нашле друго

Археолозите на Сицилија откриле италијански "Стоунхенџ"

Експертите сметаат дека се работи за сончев часовник, што датира од периодот меѓу 6.000 и 3.000 година пред нашата ера

Група археолози аматери спроведувале истражување на бункерите од Втората светска војна на Сицилија, при што сосема случајно откриле градба што наликува на Стоунхенџ.

Откритието било потврдено од страна на стручњаци и се наведува дека е од вонредна важност за разбирање на праисторијата.

Експертите сметаат дека се работи за сончев часовник, што датира од периодот меѓу 6.000 и 3.000 година пред нашата ера. Со помош на дрон, камери и компаси тие провериле дали часовникот сè уште функционира и откриле дека дополнително може точно да го определува и годишното време.

Откритието се поврзува со Стоунхенџ, едно од најважните историски места во Вилтшир, Англија. Тоа е едно од светските чуда и се верува дека потекнува од приближно ист период.

Според Џузепе ла Спина, еден од археолозите кои ја пронашле историската градба истакнал дека секое археолошко откритие само по себе е многу важно, но да се биде дел од вакво сензационално откритие, прави да се чувствува горд.

Поврзани

Најнови вести

Коментари