Атрактивна музичка програма

Ансамблот "Маскерина" и кабарето "Зборувај тивко" во Охрид

Ансамблот "Маскерина" е основан од виолистката Мари Гијоми и лаутистот Николас Ватин во 2016 за време на нивните студии на конзерваториумот во Версај.

Во Црквата Св. Софија во Охрид вечерва љубителите на музиката имаат можност да проследат два атрактивни музички настани. Во 20:30 часот концерт ќе одржи ансамблот "Маскерина# во чиј состав членуваат Себастијан Берета - барокна флејта, Мари Гијоми - виола да гамба и Николас Ватин - теорбо.

Ансамблот "Маскерина" е основан од виолистката Мари Гијоми и лаутистот Николас Ватин во 2016 за време на нивните студии на конзерваториумот во Версај.

Ансамблот обединува музичари чиј основен интерес е барокната музика. Како дует или поголем ансамбл, "Маскерина" се посветени на музичко истражување на репертоарот на европската барокна музика од 17 и 18 век, со посебен акцент на автентичната интерпретација на оригинални инструменит и на интеракција со публиката.

Во 22 часот, пак, на програмата е кабарето, насловено "Зборувај тивко# од Курт Вајл, со Тијана Ѓуричиќ, сопран (Србија), Ирина Наумовска, пијано (Македонија) и
Александар Будимир, хармоника (Србија).

Курт Вајл е еден од најзначајните композитори на музика за сцена на минатиот век. Тој е роден во Германија, но поголем дел од животот го поминал во САД.

Неговиот авторски опус опфаќа бројни мјузикли, опери, оперети, кабареа од кои особено се истакнуваат оние кои се соработка со Бертолд Брехт.

Поврзани

Најнови вести

Коментари