Објавени номинациите за 2016

Американските продуценти со свој избор на најдобри филмови

По доделувањето на Златните глобуси Американското здружение на продуценти (Продуцерс Гуилд оф Америца/ПГА) ги објави номинациите за својата годишна награда. Во најтесниот избор за најдобар филм во 2016, се најдоа десет играни и пет анимирани долгометражни филмови. Сите досегашни фаворити за наградите - "La La Land", "Moonligh" и "Manchester by the Sea"- се влезени во листата на ПГА.

Ним им се придружија и "Arrival" на Дени Вилнев, "Deadpool" на Тим Милер, "Fences" на Дензел Вашингтон, "Hacksaw Ridge" на Мел Гибсон, "Hell or High Water" на Дејвид Мекензи, "Hidden Figures" на Теодор Мелфи и "Lion" на Гарт Дејвис.
Во петте најдобри анимирани остварувања, влегоа: "Finding Dory", "Kubo and the Two Strings", "Moana", "The Secret Life of Pets" и "Zootopia".
Наградите на американските продуценти најчесто се добар показател на која страна ќе бидат наклонети членовите на жирито од Американската академија на филмската уметност, кога станува збор за Оскар за најдобар филм.
Во последните 27 години, нивните награди се поклопија 19 пати, додека минатата година била исклучок кога филмот "The Big Short" ја зема наградата на ПГА, а Оскарот го зема (Spotlight).
Доделувањето на наградите на ПГА ќе биде одржано на 28 јануари.

Поврзани

Најнови вести

Коментари