Македонски виртуоз на виолина

Александар Иванов ќе ја претставува Европа во Осака

Минатата година, тој учествуваше и на мастерклас и натпревар во Будимпешта, каде доби високо признание и награда, а годинава на 29 јуни ќе настапи како солист заедно со "Данубе Симфони Оркестра".

Шеснаесетгодишниот македонски виолинист Александар Иванов е избран на аудиција како единствен Македонец меѓу кандидати од цела Европа и во октомври годинава во Осака, Јапонија, ќе настапи на еден од најголемите светски натпревари за виолинисти.

Тој е и најмладиот студент на Конзерваториумот "Рихард Вагнер" во Виена, Австрија, во класата на професор Игор Петрушевски, кој предавал и на Кралската академија во Лондон.

На 20 мај младиот Александар Иванов ќе свири во Софија со оркестарот на "Класик ФМ" заедно со познатиот концерт-мајстор на амстердамската филхармонија Веско Ешкенази.

Минатата година, тој учествуваше и на мастерклас и натпревар во Будимпешта, каде доби високо признание и награда, а годинава на 29 јуни ќе настапи како солист заедно со "Данубе Симфони Оркестра".

Инаку, на Конзерваториумот "Рихард Вагнер" во Виена студираат исклучителни таленти од целиот свет. Вонредната талентираност на Иванов ја препознале тамошните професори. Иако неговите родители немале амбиција нивното дете да се занимава со музика, сепак Александар уште на седум години посакал да свири виолина. Негов прв професор бил Иле Темков, а виолината ја усовршувал и кај својот дедо професор, композитор и поранешен виолинист, Благој Цанев.
"Успеав да се вклопам многу добро во австриската престолнина и на самиот конзераториум. Средина каде се цени врвната професионалност. Има студенти од целиот свет и добро се согласуваме", вели Иванов.

Тој е најмладиот добитник на наградата "Виртуози# во 2015 година, манифестација која ја организира Македонската опера и балет, Македонската филхармонија и Сојузот на композитори на Македонија. Изминативе години тој беше постојано присутен на македонската музичка сцена, настапувајќи како солист.

Поврзани

Најнови вести

Коментари