Изложбата "Скопје - Архитектурата во македонски контекст„ во Виена

Алаѓозовски: "Скопје 2014„ го измени ликот на градот и ги подели граѓаните

"Говорам за дилеми од типот: што е и која е денес архитектурата во македонски контекст, мислам на наши македонски денешни културни дилеми - дали тоа што се случуваше во Скопје и Македонија последниве години воопшто има врска со архитектурата. Иако во извесна смисла погледите на некои современи македонски архитекти очигледно биле вперени и во Виена како можен модел за нивните историцистички егзибиции", истакнал Алаѓозовски.

Во Виена завчеравечер беше отворена изложбата "Скопје - Архитектурата во македонски контекст„.

Автори на изложбата се архитектите Владимир Десков, Ана Ивановска - Дескова и Јован Ивановски, а станува збор за австриско-македонски проект што се реализира на покана на архитектот Адолф Штилер, долгогодишен куратор во престижната виенска галерија Рингтурм, каде што е поставена изложбата.

На отварањето на поставката која има фокус на архитектонско наследство од периодот на Модерната во Скопје, во периодот од 1945 до 1991 година, се обрати и Министерот за култура на РМ Роберта Алаѓозовски.

"По земјотресот во 1963 година, т.н. проект "Скопје 2014 е втората катастрофа што го зафати Скопје. Оваа катастрофа, настаната не од природни, туку од квазиградителски, квазикултурни причини, значително го измени не само архитектонскиот лик на градот, туку ги вознемири и подели граѓаните, ги смени нивните навики, ја збриша меморијата на градот„ ка`ал Алаѓозовски.

Тој додал и дека овој "контроверзен проект„ на дело докажа колку и архитектурата, кога е во погрешни раце, може да биде убиствена за градот.

"Говорам за дилеми од типот: што е и која е денес архитектурата во македонски контекст, мислам на наши македонски денешни културни дилеми - дали тоа што се случуваше во Скопје и Македонија последниве години воопшто има врска со архитектурата. Иако во извесна смисла погледите на некои современи македонски архитекти очигледно биле вперени и во Виена како можен модел за нивните историцистички егзибиции", истакнал Алаѓозовски.

Тој се осврна и на архитектонското наследство на градот од отоманскиот период кое е сега, како што нагласи, заштитено културно богатство.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари