Филм (Видео)

Ако "Педесет нијанси сиво" ве шокираше, во третиот дел нештата стануваат далеку помрачни...

Најавата за третиот дел на еротско-романтичната драма укажува на тоа дека времето после венчавката на главните ликови нема да биде воопшто поспокојно од почетните фази од нивното запознавање. Што всушност се случува кога односот базиран на садомазохизам и доминација прераснува во брак?

Младиот тајкун Кристијан Греј и студентката Александра Стил поминаа многу нешта во "Педесет нијанси сиво", но во новото остварување "Педесет нијанси – Ослободени", нештата стануваат потполно поинакви.

Од експлицитни сексуални сцени, продолжението на прочуената сага станува напната – како никогаш досега, па преминува дури и во сферата на спиритуалното.

Најавата за третиот дел на еротско-романтичната драма укажува на тоа дека времето после венчавката на главните ликови нема да биде воопшто поспокојно од почетните фази од нивното запознавање. Што всушност се случува кога односот базиран на садомазохизам и доминација прераснува во брак?

Венчален фустан закачен на лустерот во луксузниот дом, давање на брачни завети, меден месец на којшто се откриваат многу тајни... Сето тоа ни ја најавува приказната којашто е некарактеристична за било кој друг "просечен" брачен пар. ..

Филмот базиран на романот на Е.Л.Џејмс успеа да ја освои планетата, а својата кулминација ја доживува токму во третото продолжение, остварување на режисерот Џејмс Фоли.

Филмот "Педесет нијанси сиво" од 2012-та година успеа да заработи 35 милиони фунти, од кога беше пуштен на Денот на вљубените во 2015-та година. Четири недели после објавувањето на вториот дел, "Педесет нијанси потемно" заработи 22.69 милиони фунти, а најголеми очекувања владеат токму за третиот дел, којшто публиката за прв пат ќе може да го види на Денот на вљубените во 2018-та година.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари