Зошто некои пуканки остануваат неиспукани

Магазинот Бизнис Инсајдер одговори на прашањето зошто некои пуканки остануват неиспукани.

Работата е во тоа што обвивката на зрната за пуканки е отпорна на влага – изјавила Хелен Церски автор на книгата "Storm in a Cup".

Под оваа обвивка има мала количина на вода која што со загревањето почнува да испарува внатре во зрното и да создава притисок. Кога ќе создаде доволно притисок тогаш оваа заштита (кора) пука и настанува пуканката – изјавува Хелен Церски.

Некои зрна од пченката остануваат неиспукани затоа што претходно се пресушени т.е го изгубиле тоа мало количество на вода кое што се наоѓало во нив, а без водата нема како да се создаде притисок за зрното да пукне и да се направи пуканка.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари