Вкусот на есента: Мафини со тиква

Поканете ја есента во вашата кујна со превкусни мафини со печена тиква. Слатки, меки и со примамлива арома на цимет и морско оревче, овие неодоливи мафини брзо ќе „летнат" од чиниите.

СОСТОЈКИ

450 гр пире од печена тиква
1 ¾ шолји брашно
1 шолја бел шеќер
½ шолја кафеав шеќер
2 лажички цимет
¼ лажичка мелено каранфилче
¼ лажичка морско оревче
1 лажичка сода бикарбона
½ лажичка сол
1 лажичка екстракт од ванила
2 јајца
½ шолја масло


ПОДГОТОВКА

Исечете ја тиквата и отстранете ги семките. Покријте ја со алуминиумска фолија и печете ја околу еден час во загреана рерна на 200°С. Откако ќе се олади, со лажица извадете ја внатрешноста. Ставете ја во блендер или убаво испасирајте, за да добите пире.

Премачкајте ги формите за мафини со малку путер или маргарин и оставете ги настрана.
Во длабок сад ставете ги сите суви состојки, односно брашното, белиот и кафеавиот шеќер, солта, содата, циметот, каранфилчето и морското оревче. Промешајте.
Во друг сад ставете ги јајцата, пирето од тиква, маслото и екстрактот од ванила. Промешајте со маталка, но не премногу и така добиената смеса турете ја во садот со сувите состојки. Добро промешајте со лажица.
Ставете од смесата во формите за мафини и печете на 190°С околу 20 минути.

Поврзани

Најнови вести

Коментари