Тиква и чили. Совршен пар за мерак

Одличен и вкусен рецепт за сите оние кои повеќе сакаат вегетаријанска храна, а исто така се љубители на луто!

Состојки

1 кромид

1 морков

1 бабура

1 лажичка маслиново масло

2-3 чешниња лук (ситно сечкани)

1 сечкано луто пиперче

2 лажички соја сос

2 1/2 лажици чили во прав

1 лажичка кумин

1 конзерва домати

1 1/2 шолји пире од тиква

2 шолји вода или супа

3 шолји готвен грав

1 лажица сок од лимета

дополнителни состојки: коријандер, ситно сечкан кромид и лута пиперка, авокадо и тортиља чипс

Начин на подготовка

Исечете ги кромидот, морковот и бабурата на парченца не поголеми од гравот. Во голем сад ставете масло и ставете на среден оган да се загрее. Додадете ги кромидот, морковот и бабурата и пропржете околу 5 минути, додека не добијат кафеава нијанса. Додадете ги лукот, лутото пиперче, соја сосот и зачините и гответе уште 30 секунди. Потоа, додадете ги доматите, тиквата, супата и гравот и мешајте додека сите состојки не се соединат. На крај, додадете ги дополнителните состојки.

Намалете го оганот, покријте го садот со капак и оставете 15 минути да врие. Потоа повторно убаво промешајте. Кога ќе престане вриењето, изгаснете го оганот, додадете го сокот од лимета и мешајте. Вашето јадење е спремно за послужување.

Поврзани

Најнови вести

Коментари