Свежа салата од зелка и...!

Во подготовка на оваа салата битно е  јаболкото да се подготви непосредно пред сервирање.

Колку повеќе зеленчуци во една салата, толку повкусна и енергетски појака.

Состојки:

1 зелка
1 морков,
1 јаболко (кисело)
1 црвена пиперка свежа (може и сува и средно лута) или брусница 20-50 грама.
3 чесниња лук,
2-3 гранчиња магдонос или целер 2-3 листа
сол, оцет, зејтин

Зелката сакате сецкана тенко или рендана, морковот и јаболкото исто така се рендат, пиперката секана на ситни парченца, во замена за пиперка се става и брусница, лукот ситно секцкан или преку преса специјална за лук, сецкан магдонос или целер.

Сето тоа заедно се меша, се посолува, се додава оцет и се се меша заедно, на крај се додава зејтин со што салата е подготвена за сервирање.

Во подготовка на оваа салата битно е да се внимава јаболкото да не се подготвува заедно со останатите зеленчуци, поради нејзиното оксидирање. Најдобро е да се изренда непосредно пред сервирање.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари