Спанаќ со леќа

Не е лошо  да се замени оризот, особено ако се знае самата леќата содржи големо количество на природно железо.

Не е лошо да го измениме стандардниот начин во подготовка на спанаќ, кога знаеме дека покрај оризот постојат и други зрнасти состојки ( хељда) кои се и поквалитетни а никогаш не сме ги користеле.
Наместо ориз во подготовка на ручек од спанаќ, земате леќа која практично ќе биде замена за оризот. Дозата која се става во спанаќот е скоро иста со тоа што не би било лошо и нешто повеќе да се додаде, особено ако се знае самата леќата содржи големо количество на природно железо.

Дали ручекот од спанаќ ќе биде чорбест или во тава за печење е личен избор.

Секако во спанаќот исто така може да се додаде блитва како и рендана тиквичка, со што при сето ова се добива еден навистина богат ручек.

Состојки кои го збогатуваат ручекот :

- Спанаќ, блитва или (лобода), и леќа
- Главица сецкан кромид
- 1 сецкан или рендан морков
- ½ ситно секцкана тиквичка
- 2-3 чесниња лук
зејтин, сол, вегета, бибер, лорбер, (луто пиперче по избор).

Во загреан зејтин, (не мора да прска кога ќе го истурете зеленчукот во него), ставате се заедно: спанаќ кромид, морков, тиквичка 2 чешниња секцкан лук и ги динстате додека течноста испари но не целосно. Се додава измиената леќа која заедно ја мешате со останатите состојки и ги пропржувате околу една минута. Додавате вода сето тоа да се залее, при што се додава солта, биберот и лорбер (луто по избор ) и се остава да вари на умерена температува, односно да крчка.

Во тек на готвење, можете да додавате вода доколку се покаже дека леќата сеуште не е добро сварена (20 минути се потребни таа да биде сварена)

Откога е сварен спанаќот со леќа, една минути пред да го тргнете од рингла додадете уште едно сецкано лукче и покриете го тенџерето, исклучете ја ринглата и оставетего додека ја сервирате масата.

Ако се работи за потпечување спанаќ во рерна, тогаш сите состојки наеднаш се мешаат се додава вода до половина од тавата, се покрива со фолија која пред крај на печење се трага за да фати коричка спанаќот.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари