Сончоглед погача

Подготовка е едноставна и ништо поразличена од класична поготовка на погачи.

Декоративна погача која на прв поглед остава впечаток дека е вон стандарните погачи кои ги имаме видено.

Подготовка е едноставна и ништо поразличена од класична поготовка на погачи.

Потребни состојки:

750 грама брашно
½ литар млеко
1 маргарин (растопен)
1 квасец (свеж)
малку сол, и шеќер

Начин на подготовка:

Брашното, млекото, квасецот, солта и шеќерот ги замесувате.
Потоа тестото го делете на четири дела.

Два дела се редат на дното во длабок сад односно тенџере приближно со величина 26-тава, другите два дела врз првиот дел.

Погачата која треба да изгледа како сончоглед потребно е да земате тесто многу малку во рака од кое правите форма на џамлија односно нешто поголемо од џамлија а помало од јојо момбона, го потопувате во растопениот маргарин и го ставате на дното на тенџерето кое треба да биде покриено од првите две половини тесто.

И другите две половин тесто се подготвуваат како првиот со тоа што ги редете над првиот дел. Остатокот од маргаринот го истурате врз погачата доколку не стврданат, во тој случај го загревата и растопен го истурате.

Добро би било оваа погача да се подготвува во затоплена просторија со што погачата немора да ја киснете, доклолу е поладна просторијата тогаш пожелно е да ја покриете со крпа и да ја турите на место кое се затоплено.

Се пече на 200 степени.

Откога ќе се испече, битно е да биде малку по топла од вообичаено, за да ја извадите од тенџерето како не би се растурила погачата.

Вадење на погачата: Ставате плиток тањир или тава со кујнска крпа врз неа а потоа внимателно превртете ја погачата врз крпата и тавата, со помош на крпата нема да ви се распадне погачата. Откако тоа успешно ќе го направите, повторно свртете ја погачата на лице, врз тањир во кој погачата ќе биде подготвена за послужување.

Поврзани

Најнови вести

Коментари