Сочни чоколадни коцки со кокос

Потребно е:

за бисквитното тесто:
6 јајца
6 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
5 лажици брашно
1 прашок за пециво
3 лажици какао во прав
3 лажици масло

за кремот:

1 л млеко
6-8 лажици шеќер
200 гр кокосово брашно
16-18 лажичиња пченичен гриз
50 гр маргарин

малку какао во прав, за посипување

Подготовка:

– Во еден подлабок сад со миксер изматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер додека да добиете кремаста смеса.

– Со постојано матење додадете го маслото, а потоа и брашното, пршокот за пециво и какаото.

– Добиената смеса сипете ја во правоаголена тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 25 минути.

– Додека се пече бисквитот подгответе го кремот. Млекото ставете го да се вари на тивко и додадете ги кокосовото брашно и 6-8 лажици шеќер.

– Во кремот од кокос со постојано мешање додадете го гризот и на крај додадете го и маргаринот и убаво измешајте.

– Топлиот крем рамномерно нанесете го на топлото испечено тесто и оставете малку да се излади.

– На крај прелијте го со чоколадна глазура.

– За чоколадната глазура на пареа растопете го искршеното чоколадо заедно со млекото и маргаринот исечен на листови. Глазурата мешајте ја додека да добиете хомогена смеса. Внимателно нанесете ја над кремот.

– Готовиот колач убаво изладете го пред да го послужите. Цело време чувајте го во фрижидер.

– Пред да го послужите оставете го да стои надвор 30-тина минути, исечете го на парчиња, посипете малку со какао и послужете.

Поврзани

Најнови вести

Коментари