Идеални за секоја прилика

Со еден рецепт можете да станете експерт за мафини

Мафините со сирење се добредојдени во сечија чинија и се идеални за брз и неодолив појадок или забава во домашна атмосфера.

СОСТОЈКИ

3 јајца
1 шолја јогурт
½ шолја масло
2 шолји брашно
1 прашок за пециво
200 гр сирење
½ лажичка сол
сусам

ПОДГОТОВКА

Потпечете 4-5 лажици сусам на тивок оган и оставете го настрана.
Во длабок сад ставете ги јајцата и изматете со миксер. Додавајте ги постепено останатите состојки по следниов редослед: јогурт, масло, брашно, пециво, сол. Добро изматете.
Наведената количина сирење изрендајте ја на крупната страна од рендето во претходно приготвената смеса.
Наполнете ги формите за мафини со добиената смеса и поросете со сусам.
Печете на 200°С околу половина час.

Поврзани

Најнови вести

Коментари