Шпагети со карфиол, бурата сирење, босилок и пармезан

Потребни состојки за 4 порции:

- 250 мл слатка павлака (со 35% масленост)
- 3 жолчки
- 80 г рендан пармезан, плус екстра за сервирање
- сол и бибер
- 1 лажица екстра девствено маслиново масло
- 25 г несолен путер, исечкан
- 1,2 кг сечкан карфиол
- 2 чешниња лук, ситно исечкани
- 1 лажица мајчина душичка
- 400 г шпагети
- 2×200 г бурата (или моцарела) сирење

Начин на подготовка:

Слатката павлака, жолчките, пармезанот, солта и биберот измешајте ги заедно во еден голем сад.

На висока температура загрејте ги маслото и путерот во нелепливо тавче за пржење.

Додадете ги карфиолот, лукот, мајчината душичка, солта и биберот и оставете нека се вари 10-12 минути или додека не добие златна боја. Оставете ги настрана, но внимавајте да не се изладат премногу.

Варете ги тестенините во солена зовриена вода 8-10 минути или оставете ги „ал денте". Исцедете ги, но зачувајте 125 мл од водата во која се готвеле.

Вратете ги тестенините во тавчето, но на пониска температура. Додадете ја смесата со слатка павлака и водата во која се вареа и мешајте 2 минути, или додека не се згусне. Поросете со карфиол, бурата сирење и пармезан.

Поврзани

Најнови вести

Коментари