Со насловот се е кажано

Шпагети со бел сос

Со насловот се е кажано

СОСТОЈКИ

500 гр шпагети

За сосот
250 мл павлака за готвење
100 гр свинска печеница
150 гр кашкавал
4 парчиња топено сирење
2 лажици кисела павлака
70 гр маринирани шампињони
1 лажица маслиново масло
1/2 црвена пиперка, капија
сол, бибер, морско оревче, босилек

ПОДГОТОВКА

Во малку маслиново масло пропржете ги свинската печеница и ситно исечканата пиперка за да ја ослободат својата арома.
Додајте ја павлаката за готвење и оставете ја смесата на тивок оган да крчка 1-2 минути.
Зачинете по вкус и додајте ги шампињоните, топеното сирење, кашкавалот и киселата павлака. Ставете го на тивок оган околу 3-4 минути и мешајте за да се соедини сосот.
Во меѓувреме сварете ги шпагетите според упатството на кесата. Процедете ги и налејте во нив малку маслиново масло.
Во чинија ставете од шпагетите, прелејте ги со сос и украсете со магдонос.

Поврзани

Најнови вести

Коментари