Рецепт за Тирамису според Софија Лорен

Тирамису е италијански десерт, а во книгата „Рецепти и Мемоари", славната актерка Софија Лорен дала и рецепт за овој десерт.

СОСТОЈКИ:
180 гр маскарпоне сирење
80 гр црно чоколадо
3 јајца
5 лажици шеќер
40 пишкоти
250 мл инстант кафе
250 мл ликер од портокал
60 гр какао
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Разматете жолчки со шеќер, а во посебен сад измиксајте белки додека не добиете цврста смеса.
Во смесата од жолчки додајте маскарпоне сирење, а потоа додајте снег од белки и добро измешајте. 20 пишкоти наредете ги и навлажнете ги со ликер и кафе.
Преку ставете ја смесата со маскарпоне сирење и нарендајте чоколадо. Постапката повторете ја додека не го потрошите материјалот и на крај додајте какао.

Поврзани

Најнови вести

Коментари